Главен директор за усогласеност

Главниот директор за усогласеност е одговорен за континуирана проценка на ризиците од усогласеноста со корпоративното работење и координацијата на деловните процеси. Главниот директор за усогласеност предлага и воспоставува ефикасен систем за внатрешна контрола и се грижи за подигнување на свеста, обука и советување за подобрување на деловниот интегритет. Главниот директор за усогласеност постапува по извештаите за несоодветно однесување и прекршување на важечките прописи, интерни правила и етички принципи. Главниот директор за усогласеност, исто така, е одговорен за известување на менаџментот на компанијата за корпоративната усогласеност во Крка.

Пријавување на несоодветно однесување

Секој вработен во Крка и секое трето лице можат да пријават сомневање за постоење на измама.

Доколку некој вработен на Крка открие некој чин кој укажува на сомневање за постоење на измама, тој мора да го информира својот претпоставен. Ако природата на наводната измама или нејзините околности не го дозволуваат ова, тие мора да го информираат Раководителот на Одделот за правни работи, Раководителот на Одделот за управување со ризици и корпоративна усогласеност или Главниот директор за усогласеност. Сомневањето за постоење на измама може да се пријави и анонимно. Адресата на електронската пошта за пријавување на сомневање за постоење на измама е compliance.officer@krka.biz.

Доколку давателот на информацијата не сака да остане анонимен, тој може да го пријави сомневањето за постоење на измама по телефон. Тие може да им телефонираат на следниве лица:

  • Главен директор за усогласеност на +386 7 331 78 18,
  • Раководител на одддел за правни работи на +386 7 331 95 95,
  • Раководител на Оддел за управување со ризици и корпоративна усогласеност на +386 7 331 93 93.

Крка се обврзува доверливо, професионално и со должно внимание да ги третира информациите на давателот на информации и правилно да го заштити давателот на информации од какви било одмазнички мерки.