Правни забелешки

Оваа веб страница и припаѓа и е обезбедена од страна на:

Крка Фарма, ДООЕЛ Скопје
Ул. Христо Татарчев -1 бр.101
1000 Скопје
Македонија

Овие веб страници се дизајнирани за да обезбедат општи информации за Крка, нејзините производи и услуги.

Услови за употреба

Ако отворите или прелистувате било која страница од веб страницата на Крка, ги прифаќате сите ограничувања и услови за употреба кои се наведени подолу. Немојте да ја користите оваа веб страна, ако не се согласувате со сите услови за употреба. Ви препорачуваме повремено да ја посетувате нашата веб страница и да ги прочитате Условите за употреба и Политиката за приватносг затоа што се законски обврзувачки.

Крка ја менаџира, надгледува и ажурира веб страницата на Крка во Скопје, Македонија.

Информациите и податоците кои се достапни на веб страниците на Крка служат исклучиво за информативни цели и не даваат основа за правно обврзувачки односи или воспоставување на такви односи, освен ако не е поинаку назначено (на пример публикација на официјални понуди, промотивни материјали итн.).

Информациите за Крка, нејзините производи, услуги и хартии од вредност презентирани на веб страниците на Крка не треба да се разберат како понуда на производи, услуги или хартии од вредност. Информациите за производите и/или активните супстанции презентирани на веб страниците на Крка се општи информации за севкупниот асортиман на производи на Крка. Ве молиме имајте во предвид дека оваа информација не може да се смета за понуда, освен ако не е експлицитно наведено поинаку.

Наведувањето на производот и/или активната супстанција на веб страниците на Крка не значи дека Крка всушност го ставила наведениот производ и/или активна супстанција на пазарот или дека го понудила во земјата што го интересира посетителот на веб страната, или во земјата каде што посетителот на веб страната ја отворил страната. Ве молиме информирајте се во Крка, нејзините подружници или претставништва во странство дали Крка навистина ги продава и нуди на продажба производот или активната супстанција за која сте заинтересирани во вашата земја.

Порекнување на одговорност

Со цел да обезбеди точни информации и ажурирани податоци на своите страници, Крка ги дизајнира своите веб страници највнимателно и има намера да продолжи на истиот начин. Сепак, Крка не презема никаква одговорност за точноста или комплетноста на информациите. Крка, исто така, го задржува правото да ја измени во било кое време и на било кој начин содржината на постоечките веб страници, без оглед на причината и без претходно известување. Корисниците на страните ги користат објавените податоци исклучиво на сопствена одговорност. Крка и секое друго правно или физичко лице кое соработувало во дизајнирањето и изработката на овие веб страници, изрично се откажува од каква било одговорност и одговорност за каква било штета што може да настане или е поврзана со пристапот, користењето или неможноста да се користат информациите од овие веб-страници и/или за какви било грешки или недостатоци во нивната содржина.

Информациите дадени на веб страната на Крка, во никој случај немаат за цел да дадат професионален медицински совет или упатства за третман на било која болест со производите на Крка. Ве молиме консултирајте се со лекар или фармацевт пред да започнете со користење на било кој од производите на Крка.

Може да се случи некој корисник на веб страниците на Крка да одговори со објавување на делови со различни информации. Крка порекнува секаква одговорност во овој поглед. Ве молиме имајте во предвид дека таквите информации не се доверливи и не спаѓаат под заштитата на авторските права. Крка го задржува правото слободно да ги користи таквите информации, да ги дистрибуира и обелоденува на која било друга страна без ограничувања и да ги користи без да го цитира изворот. Крка го задржува правото исто така да ги користи (но не исклучиво) идеите, концептите, знаењето, искуството и техниките кои се предмет на која било таква информација  или може да се содржани во информацијата. Крка може да ги користи таквите информации по сопствен избор за која било цел.

Линкови до други веб страници

Овие веб страници, исто така, содржат информации од трети лица и линкови до веб-страниците на трети лица. Доколку сметаме дека е потребно, истите можеме соодветно да ги означиме. Крка не е запознаена со содржината на веб страниците на трети лица и затоа не презема никаква одговорност во однос на нивните информации.

Права на интелектуална сопственост

Сите информации и слики презентирани на веб-страниците на Крка, се предмет на заштита на авторските права и останатите права на интелектуална сопственост според законски дозволената рамка. Документите објавени на оваа веб страна може да бидат репродуцирани само за некомерцијални и лични цели, и притоа мора да се почитуваат сите горенаведени забелешки во врска со заштитата на авторските права или други права на интелектуална сопственост. Информациите содржани на оваа веб страна не смеат да се копираат, прикажуваат, преземаат, менуваат, репродуцираат или на кој било друг начин да се дистрибуираат за комерцијални цели без изрична писмена согласност на Крка. Имињата на брендовите и заштитените марки кои се појавуваат на овие страни се регистрирани заштитени марки на Крка, или Крка има право истите да ги користи.

Политика за приватност

Усогласеност со важечкото законодавство

Во согласност со важечкото законодавство за заштита на личните податоци, Крка со посебна грижа ги штити информациите добиени од корисниците на веб страната и нивните лични податоци. Ве молиме прочитајте повеќе подолу за нашето прибирање, зачувување, користење и дистрибуирање на лични податоци. 

Каков тип на лични податоци прибираме на нашата веб страница

Можете да ја користите нашата веб страна без да ги внесете вашите лични податоци. Од вас се бара да ги доставите вашите лични податоци само доколку нарачате некој од нашите производи или услуги.

Ние ги прибираме личните податоци единствено кога ќе ни ги испратите преку претплатување на нашиот билтен, пристап до содржини на нашата веб страница или учество во нашите натпревари. Исто така ги собираме вашите лични податоци кога ќе го пополните нашиот Извештај за несакани настани (дејствија), нарачајте ги нашите производи или услуги преку е-пошта или  испратете барање со ваша нарачка, или во слични ситуации, кога ќе одлучите да ги испратите личните податоци до нас.  

Покрај личните податоци кои ни ги испраќате, ние исто така прибираме информации со користење на 'cookies'. Таквите информации може да вклучуваат веб-страници од кои ја имате  посетено нашата веб-страница, веб-страници што ги посетувате од нашата веб-страница и должината на вашата посета на нашата веб-страница. Ние веднаш ги правиме анонимни последните три цифри од вашата IP адреса, со што ефикасно ја спречуваме вашата идентификација врз основа на овие информации. Ние би можеле да ги искористиме овие информации за да ве идентификуваме, но ние тоа не го правиме.

За кои цели ги обработуваме податоците што ги доставувате преку нашата веб-страница?

Податоците што ни ги испраќате или кои ги прибираме со користење на 'cookies' може да се обработат за следните цели: статистички цели и за идентификување на демографијата и интересите на корисниците на веб-страниците, но само на начин да не можете да бидете идентификувани; дијагностицирање на проблеми со нашиот сервер и администрирање на нашата веб-страница; обезбедување на производи или услуги што сте ги нарачале преку нашата веб-страница; или за други цели што ги имате побарано или на кои сте се согласиле, освен ако не е поинаку одредено со закон. 

Дали ги пренесуваме вашите лични податоци на други компании?

Само компанијата задолжена за веб-страницата на Крка има пристап до вашите лични податоци. Крка има склучено договор за обработка на лични податоци со оваа компанија и гарантираме дека е во согласност со сите прописи за заштита на личните податоци. 

Каде ги складираме личните податоци што ги доставувате преку нашата веб-страница?

Вашите лични податоци се зачувуваат на нашите сервери со кои управуваме самите. Нашите деловни партнери, кои во одредени случаи чуваат лични податоци за нашите потреби, обезбедуваат ниво на заштита што е најмалку еднакво на нивото што го практикуваме во Крка. Вашите лични податоци во никаква форма не смеат да се пренесуваат на трети страни, освен на компанијата која е одговорна за веб-страницата на Крка, или ако тоа го побараат органите на власта. 

Професионална јавност

Некои делови од оваа веб-страница може да содржат информации до кои, во согласност со позитивното законодавство, можат да пристапат само лекари, фармацевти и ветеринари. Затоа мораме да ги прибереме податоците за контакт и некои лични податоци на лекарите, фармацевтите и ветеринарите кои сакаат да обезбедат пристап до професионални информации за лековите. Во овој случај, личните податоци се користат како гаранција дека содржината на нашата веб-страница е достапна во согласност со легислативата за медицински производи. Точноста на овие податоци е единствена одговорност на лицата кои се опфатени со податоците. Податоците за контакт се користат за контактирање на лицата кои се опфатени со податоците, доколку и кога е потребно. Ние не користиме лични податоци и податоци за контакт за која било друга цел, ниту пак ги пренесуваме на трети лица. 

Деца

Веб-страницата на Крка е генерално наменета за возрасни. Доколку се случи Крка да подготви било каква веб содржина за деца и им ги понуди на децата своите производи или услуги, таа ќе го стори тоа во согласност со важечкото законодавство и ќе добие соодветна родителска согласност или согласност на носителот на родителска одговорност. 

'Cookies' (интернет колачиња)

'Cookie' (интернет колаче) е мала датотека што се складира на вашиот компјутер кога првпат ќе посетите одредена веб-страница. Веб-страницата која го издава интернет колачето го препознава кога повторно ќе ја посетите истата веб-страница. Целта на оваа технологија е да ја подобриме нашата веб-страница и вашето корисничко искуство.

Некои од интернет колачињата што ги користиме се интернет колачиња за одредена сесија (истекуваат кога пребарувачот е затворен), а некои се постојани интернет колачиња (остануваат складирани во Вашиот уред за одреден временски период откако ќе ја напуштите нашата веб-страна). Интернет колачињата за одредена сесија се користат за пресметување на бројот на посетители на нашата веб-страница, а постојаните интернет колачиња се користат за складирање на деталите за контакт за идни посети на нашите веб-страници (тие ги меморираат вашите податоци за најава). Ние исто така користиме интернет колачиња на трети страни кои потекнуваат од други веб-страници: тоа се интернет колачињата на YouTube (тие овозможуваат репродукција на специфични видео содржини на нашата веб-страница), интернет колачиња за рекламирање и интернет колачиња на Google Analytics, кои ги користиме за да дознаеме како се движите низ нашите веб-страници, која содржина ве интересира и колку долго трае вашата посета. Врз основа на нив, можеме да ја уредиме содржината на нашата веб-страница и да ја прилагодиме на потребите на нашите посетители.

Ние ги обработуваме податоците кои се прибрани преку интернет колачиња само за статистички цели и за идентификување на демографијата и интересите на корисниците на веб-страниците (но само со користење на методи кои ја спречуваат вашата идентификација), за дијагностицирање на проблемите со нашиот сервер, администрирање на нашата веб-страница и за да ве информираме за нашите производи.

Повеќето интернет пребарувачи автоматски дозволуваат колачиња. Можете да го одбиете користењето на колачиња во секое време. Ако сакате да го одбиете користењето на колачиња на вашиот уред, можете да ги промените поставките на вашиот интернет пребарувач. За повеќе информации за тоа како да го одбиете користењето на интернет колачиња, погледнете на www.aboutcookies.org. За повеќе информации за Google Analytics, погледнете на https://tools.google.com/dlpage/gaoptout .       

Измени на Политиката за приватност објавена на веб-страницата на Крка 

Крка го задржува правото да ја измени својата Политика за приватност, објавена на нејзината веб-страница. Ви препорачуваме редовно да се навраќате и да ја разгледувате нашата веб-страница. Во случај на суштински измени на нашата политика за приватност, известување за таквата измена ќе биде објавено на нашата веб-страница.   

Безбедност

Крка користи технички и организациски безбедносни мерки за да ги заштити вашите податоци од манипулација, загуба, уништување или пристап од страна на неовластени лица. Ние сме свесни за важноста на безбедноста - таа е стандардно интегрирана во сите наши системи и работни процеси кои вклучуваат системи за архивирање на лични податоци. Нашата работа со системите за архивирање ги вклучува најновите технолошки решенија и пристапи кои обезбедуваат највисока можна заштита на складирањето и обработката на лични податоци (енкрипција, политика за пристап до податоци, записи за пристап до податоци итн.). Нашата инфраструктура обезбедува континуирана заштита на податоците од сите закани, вклучувајќи вируси и други видови на малициозен софтвер. Ние користиме системи за откривање на закани и процедури кои ни помагаат подобро да ги заштитиме нашите услуги и да обезбедиме високо ниво на безбедност.

Контакти

Ако имате било какви проблеми ако прашања ве молиме контактирајте не на info.mk@krka.biz.

Постојаниот развој на интернетот бара повремени прилагодувања на нашата изјава за приватност. Го задржуваме правото да вршиме измени во согласност со потребите.

Последен пат ажурирано во април 2018 година

© Krka, tovarna zdravil, d.d., Novo mesto