Инвестиции

Стратешката насока за развој на сопствени генерички лекови ја остваруваме со инвестиции во развојно-истражувачките капацитети и со сопствени производствено-дистрибутивни центри во светот.

Инвестиции

Најважниот резултат од забрзаното инвестирање во последната деценија е современата фабрика за производство на цврсти форми на лекови Нотол. Во неа создадовме затворен систем на производство со вертикален проток на материјалите, висок степен на автоматизација, компјутерско управување и интерен транспорт. На тој начин обезбедивме највисок степен на сигурност на производите и заштита на вработените. Стратешката насока за развој на сопствени генерички лекови ја остваруваме и со вложување во развојно-истражувачките капацитети и со сопствени производствено-дистрибутивни центри во светот.

Со инвестицијата во погонот Синтеза 4 го подржуваме моделот на производство со вертикална интеграција кој што обезбедува контрола на целиот процес, од развојот на почетна суровина, до готови производи. Овој погон спаѓа во најголемите погони од овој тип во Европа и е изграден согласно со најновите техничко-технолошки решенија и насоки за добра производствена пракса и најстрогите европски стандарди за безбедност и заштита на луѓето и животната средина.

Со новиот погон за хемиска синтеза, во којшто произведуваме активни фармацевтски супстанции за сопствените крајни производи, обезбедуваме целосен надзор над активните супстанции кои што се најважниот дел на лекот.

Крка во моментов спроведува многубројни проекти, наменети за производство на готови производи и производство на суровини и осовременување на инфраструктурата, кои што овозможуваат високо квалитетна подршка на деловните функции на целата групација.